Search

Најмалку 13 државјани на Канада уапсени во Кина по апсењето на шефицата на Хуавеј

Канадската Влада порача дека 13 нејзини државјани се уапсени во Кина откако Канада на барање на САД го уапси Менг Ваншу, лидерка на Хуавеј.

Во меѓувреме, најмалку осум од нив 13 се пуштени, додаваат од владата. Но, како што пишува „Гардијан“, не е познато дали се обвинети и за што точно канадските државјани. Пред оваа објава, познато беше дека тројца Канаѓани се уапсени во Кина.

Канадската Влада соопшти дека не гледа експлицитна врска меѓу апсењетои на лидерката на Хуавеј и ќерката на основачот на компанијата со апсењето на канадски граѓани во Кина, но западни дипломати кои се во Пекинг, како и поранешни канадски дипломати, порачаа дека веруваат дека се работи за порамнување на сметките од страна на Кинезите.

Менг беше пуштена на слобода со кауција од 7,4 милијарди долари, со 24-часовен надѕор.

Треба да знаете
Последни објави