Search

Те молам, не ја убивај мама: Видел видео од сопругата како има секс со неговиот пријател па збеснал

Американецот Вилијам Брајан Стилвел (39) бидејќи пукал во својата сопруга и нејзините родители  неколу часа по дочекот на Новата Година откако видел видео на кое жена му имала секс со неговиот најдобар пријател. На инцидентот сведочеле двете малолетни деца кои го молеле таткото да не ја убива мајка им, а сето тоа било снимано од операторите во полицијата кои добиле повик за помош.

Сопругата Мона и нејзините родители имаа сериозни повреди, но ќе преживеат.

Петгодишните близнаци, кои не се повредени може да се слушнат на снимката на службата за итни случаи, барајќи од таткото да не ја убие нивната мајка. На истата снимка, исто така, се слуша Мона како им кажува на децата да бегаат од дома.

Шефот на полицијата, Шон Еизинг, во официјалното соопштение изјави дека децата успеале да избегаат од куќата и да се сокријат кај соседите. Избегале и трите семејни кучиња, но само две се вратиле.

 

Треба да знаете
Последни објави