Search

Маж со автомобил удри во пешаци и си го уби својот 2-годишен син

Маж со автомобил се забил во толпа пешаци во градот Вилц во Луксембург, при што го убил својот 2-годишен син, пренесе ДПА.

Во инцидентот сериозно се повредени четири лица, вклучително и мало дете кое има полесни повреди, соопштил јавниот обвинител. Како што се наведува, истражителите се сомневаат во семејна караница, бидејќи меѓу повредените е и поранешната партнерка на напаѓачот. Повредените се пренесени во болница.

Според очевидци, 47-годишниот напаѓач од Луксембург, намерно се забил во пешаците. Меѓу пешаците биле две мајки со колички и други пешаци. Осомничениот е уапсен, под сомнение за убиство.

Треба да знаете
Последни објави