Search

Шји Џјинпинг: Повторното обединување на Тајван со Кина мора да се случи

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг повика на формално обединување на Тајван со континентална Кина, нагласувајќи го принципот „една Кина” во еден говор во средата, пренесува „Њујорк тајмс“

„Правен факт е дека двете страни на теснецот ѝ припаѓаат на една Кина и тој факт не може да биде сменет од никого или од каква било сила”, рече Сји, истакнувајќи дека повторното обединување е неопходно за понатамошниот развој на кинеската нација.

Иако посочи дека повторното обединување ќе ги заштити интересите и благосостојбата на Тајванците, Сји не ја отфрли ни можноста за воена интервенција.

„Кина ја задржува можноста да ги преземе сите неопходни мерки”, рече тој.

Тајван стана едно од најчувствителните прашања што го поттикнаа американско- кинескиот спор откако американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше поддршка за претседателот на Тајван, продлабочувајќи ги врските на САД со островот преку Законот за патување во Тајван изгласан минатата година. Кина го осуди овој потег, предупредувајќи ги САД против мешањето во нејзините внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави