Search

Таксист ограбен во Арачиново, друг претепан во Битола

Двајца таксисти, едниот во Скопје, другиот во Битола вчера вечерта биле жртви на насилници.

Според полицијата, околу 23 часот таксистот С.Л.(45) од Скопје пријавил дека бил ограбен. Тројца патници се качиле во таксито и побарале да ги одвезе во Арачиново. Кога стигнале во селото, наместо да му платат му се заканиле и му зеле 1.600 денари, мобилен телефон и еден ланец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Битолчанецот Д.К.(42), околу 21.45 часот отишол на улица Козара во Битола да земе патници. Бидејќи биле поголема група на лица одбил да ги превезува, но тие револтирани го нападнале и претепале.

Треба да знаете
Последни објави