Search

САД и Израел излегоа од УНЕСКО

САД и Израел официјално излегоа од агенцијата на Обединетите нации за култура, наука и образование (УНЕСКО).

Тие се повлекоа по процесот кој започна пред една година поради загриженост дека овие организации се пристрасни против Израел.

Нивното повлекување, претставува нов удар за УНЕСКО чиј коосновач по Втората светска војна беше САД, а чија цел беше да се поттикне мирот.

Владата на американскиот претседател, Доналд Трамп го објави повлекувањето во октомври минатата година, а потоа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да го стори истото.

Агенцијата чие седиште е во Париз, е критикувана поради осудата на израелската окупација на Источен Ерусалим, како и со останатите политики кои во последно време ги спорведува Израел.

САД побараа да се спроведат фудаментални реформи на агенцијата, која е најпозната по својата програма за заштита на светското културно наследство и традиции.

Треба да знаете
Последни објави