Search

Маж со автомобил влета во луѓе за дочекот на Новата година во Токио

Најмалку осум луѓе се повредени кога засега неидентификуван млад човек со автомобил влетал меѓу пешаци на улица, каде се собирале за дочекот на Новата година во Токио.

Напаѓачот е уапсен под сомнение дека намерно се обидел да убие луѓе со неговото возило, пренесе АП.
На видео-снимката што ја објави локалана телевизија, се гледа мало возило чиј преден дел е смачкан, како и полицајци и возило на брза помош кои се наоѓаат на лице место.

Инцидентот се случил во делот на градот познат по туристи и обожаватели на модата и поп културата кои се собираат на тоа место.

Треба да знаете
Последни објави