Search

Две деца повредени во сообраќајка во Штип

Две деца се повредени во судир на автомобили, ноќеска во Штип, информираше МВР.

Според полицијата, сообрачајната несреќа се случила околу 2 часот на крстосница од улиците Сремски фронт  и улица Борис Крајгер. Тогаш се судриле автомобил „ауди”  управувано од Д.Ф.(25) од Виница, во кое сопатници биле М.М.(21) од Штип и П.Т.(26) и М.А.(25) двајцата од Виница и автомобил „мазда” што го управувал В.С.(38) од Штип, во кое како сопатници биле две лица на возраст од 12 години од Штип.

По сообраќајката со возило на Итна медицинска помош во Клиничка болница Штип се пренесени децата  од „маздата” при што кај една од нив се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави