Search

(Видео) Чудо во Магниторск, од рушевините на зградата извлечено десетмесечно бебе

Десетмесечно бебе беше извлечено живо од рушевините од десеткатната зграда во Магниторск, каде вчера имаше експлозија.

Бебето беше извлечено по 35 саати поминати под рушевините, и веднаш е пренесено во болница, бидејќи се наоѓа во критична состојба.

Тамошните власти изјавија дека е чудо што бебето успеало да преживее имајќи ги предвид ниските темератури.

https://youtu.be/QZVR78vkui8

Бебето беше пронајдено кога еден спасувачите го слушнал како плаче, објави агенцијата „Интерфакс“.

Видео снимката која беше објавена од Министерството за вонредни ситуации покажува како еден од спасувачите со бебе во розови чорапи трча кон возилото на брза помош.
Во Магниторск, моменталната температура е минус 17 степени.

Според првичните информации, главна причина за несреќата е експлозија на гас, која довела до уривање на влезот на зградата.

Во акцијата за спасување ангажирани се 469 луѓе.

Во несреќата загинаа седум луѓе, а пет се повредени. Спасувачките екипи и натаму трагаат по околу триесетина исчезнати. Вчера на местото на несреќата беше претседателот на Русија, Владимир Путин, како и руската министерка за здравство, Вероника Скворцова.

 

Треба да знаете
Последни објави