Search

(Видео) Се урна мост за дочекот на Новата година во Москва, има и повредени

Дрвен мост се преполови и се урна за време на новогодишната ноќ во московскиот парк Горк, при што најмалку 13 луѓе се повредени, пренесе „Раша тудеј“. Во моментот на уривањето, на мостот имало голем број луѓе кои се веселеле.
Како што се наведува, никој од повредените не е во животна опасност.

„Мостот се урна на делот за лизгање додека на него се уште имаше голем број луѓе“ соопштила дежурната итна служба и додала дека дрвениот мост е висок пет метри.

https://youtu.be/6t4-I4tkWt8

Треба да знаете
Последни објави