Search

(Видео) Напаѓач избоде тројца луѓе во Манчестер

Најмалку тројца луѓе се повредени и пренесени во болница, откако маж ги избоде на сред улица во Манчестер, пренесуваат британските медиуми. Како што изјавиле очевидци, луѓе бегале и вриштеле додека напаѓачот ги бодел со нож.

https://youtu.be/gJOh47cAnQw

Повредените се маж и жена на околу 50 годишна возраст и еден полицаец. Нивните повреди се опишани како сериозни, но не опасни по живот.

Напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ додека полицијата го приведувала. Нападот се случил на станицата Викторија во Манчестер.

Треба да знаете
Последни објави