Search

Политиката и санкциите вмешаа прсти во најпознатиот руски циркус

Московскиот државен циркус – најпознатата руска институција која се децении опстојува, е загрижен поради западната конкуренција. Генералниот директор на циркусот, Едгард Запашњи на состанокот во Кремљ неодамна навел дека познатата канадска трупа Cirque du Soleil се обидела да го саботира московскиот циркус, на тој начон што во Москва ќе гради објект за претстави и обука.

На состанокот со кој претседавал претседателот на Русија, Владимир Путин и на кој биле повикани истакнати личности од руската културна и уметничка заедница, Запашњи му се пожалил на Путин дека се зголемиле трошоците на неговиот легендарен цикус, кој требал делумно да биде приватизиран од 2007 година, кога рускиот претседател го потпишал декретот за задржување на оваа организација како државен ентитет.

Запашњи, кој е професионален тренер на животни, вели дека немал проблеми со меѓународно признатите патувачки претстави на Cirque du Soleila, кои редовно ја посетуваат Русија.

Но, предлогот на групата да изгради наменски објект на периферијата на Москва е премноу, особено што, како што наведува тој, на руските циркуски трупи не им било дозволено да останат подолго во Канада поради економските санкции на Западот наметнати кон Русија последниве години.

,,Не ни дозволуваат да останеме таму. Велат ,, дојдете, завршете ја својата работа и одете си дома”. А ние пак, додека Канада воведува санкции против нас, од некоја причина ние остануваме гостопримливи. Никој не ги спречува да дојдат овде со повремени претстави. Доаѓаат тука повеќе од 10 години”, вели Запашњи. Но, според него, предложениот постојан објект во Москва ,,сигурно ќе има негативно влијание на руските спортови, како и на рускиот циркус”. Според медиумите, тој добил блага поддршка од Путин, кој рекол дека се согласува со неговиот став.

Но, на ова реагираа проектантите на објектот кој ќе се наоѓа во Сколков, бизнис парк за висока технологија кој се наоѓа надвор од Москва. Групата Сафмар, која е во сопственост на инвеститорот и милијадер Михаил Гутерсиев, вели дека објектот не е наменет исклучиво за Cirque du Soleil, туку за која било претстава или циркуска трупа.

Треба да знаете
Последни објави