Две лица тешко повредени во судир на камион и автомобил

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случила на локалниот пат с.Калишта кон с.Франгово-струшко помеѓу камион “ВМЦ“ и автомобил „Фиат Панда“.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката од автомобилот, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот

Треба да знаете
Последни објави