Search

(Видео) Божиќна песна поради која војната застана за три минути

Годинава се одбележуваат 200 години од настанувањето на најпознатата божиќна песна ,,Тивка ноќ, света ноќ”. Се слави и таму каде што настана во австрискиот град Оберндорф крај Салцбург, Моцартовиот град богат со музичка традиција. Во малиот музеј станува јасно дека зад создавањето на песната стојат свештеникот Јозеф Мохр и Франц Ксавер Грубер, свирач на оргули и учител.

Во изминатите два века, ,,Тивка ноќ, света ноќ” стана речиси културен феномен, основата на божиќниот канон во сите култури низ светот. Песната е преведена на повеќе од 300 јазици и дијалекти, вклучувајќи латински, а во 2011 година е додадена на УНЕСКО листа на заштитено културно наследства. Ја пееле веројатно сите пејачи на светот, од Бинг Кросби до Мараја Кери.

Песната во буквална смисла била инспирација за мир. На Бадник 1914 година, на почетокот на Првата светска војна, војниците во Фландрија го оставиле оружјето во рововите, ги симнале шлемовите и ја запеале ,,Тивка ноќ, света ноќ”.

Повеќе од еден милион луѓе во текот на ноември и декември, го посетуваат музејот кој ја крие тајната за настанувањето на оваа најпозната божиќна песна.

Треба да знаете
Последни објави