Приведен охриѓанец кој кршел апарати во казино

Дваесет и петгодишен маж од охридското село Лескоец го нарушил јавниот ред и мир во казино на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, соопшти полицијата.

Тој со рака скршил еден електронски апарат, по што физички го нападнал Г.Д.(41), работник на обезбедување на казиното, кој се обидел да го спречи во понатамошното оштетување на апаратите.

Сторителот на нарушувањето е приведен и против него ќе поднесе соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави