Search

Голем број мигранти во Ла Манж, само во петокот извлечени 12 луѓе од студената вода

Британските власти се загрижени поради зголемениот прилив на мигранти преку каналот Ла Манж. Вчера утрото од студената вода биле извлечени 12 луѓе, кои се обиделе илегално да дојдат до островот. Поголем дел од извлечените се со повреди и се наоѓаат во болница, пренесуваат британските медиуми.

Британската полиција во последните четири дена во каналот пресретнала 40 мигранти во гумени чамци. Локалните власти ги зајакнаа полициските патроли.

„Сево ова е застрашувачки. Никој не знае што стои зад ова.Има многу теории, а во секоја има елементи на вистина. Се додека не го спречиме приливот на тие лица, граничните служби ќе продолжат со притисокот“ рекла Луси Моретон од Сојузот за миграција.

„Не знаеме кои се тие луѓе. Знаеме само дека имаат пари. Не ја знаеме нивната позадина ниту идеологијата која ја носат со себе“ додала таа.

Треба да знаете
Последни објави