Search

Во Германија уапсен Сириец кој подготвувал терористички напад во Ротердам

Полицијата во западногерманскиот град Мајнц уапсила мигрант од Сирија, осомничен за подготовка на терористички напад во Холандија. Се претпоставува дека Сириецот е поврзан со четворицата уапсени денеска во пристаништето во Ротердам, поради сомнение дека подготвуваат терористички напад.

Сириец бил уапсен во стан во Мајнц каде привремено престојувал бидејчи немал регулиран престој, но немал ниту криминално досие. Холандија веднаш побарала негова екстарадиција, но прво утре ќе биде изведен пред суд во Кобленц, кој ќе одлучи дали ќе биде испорашан во Холандија.

Треба да знаете
Последни објави