Search

Сопружници од Скопје повредени во сообраќајка

Сопружници од Скопје биле повредени во судир на два автомобили, вчера во населбата Маџари, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 20.30 часот на улица Маџари. Тогаш се судриле автомобил „форд фиеста“  управуван од скопјанецот С.Л.(81) и автомобил „рено модус“, што го управувал Т.Ј.(37) од Скопје.

Во судирот С.Л. бил лесно повреден, а сопатничката О.Л.(79) со тешки повреди била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави