Search

Прегазен кумановец

Кумановец бил прегазен вчера на магистралниот пат Крива Паланка- Куманово, информираше МВР.

Сообраќајната несреќа се случила на местото викано „Света Петка“. Тогаш  М.Ш.(45) од Скопје управувајќи автомобил „Мерцедес“  удрил во пешакот Ц.С.(68) од Куманово.

Кумановецот бил пренесен во Медицински центар Куманово, од каде поради сериозноста на повредите е пренесен  во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави