Search

Прелиминарни резултати: Андри Ражоелина е победник на претседателските избори во Мадагаскар

Националната изборна комисија соопшти дека Андри Ражоелина е победник на вториот круг од претседателските избори во Мадагаскар кој се одржа на 19 декември, врз основа на прелиминарните резултати по пребројувањето на сите гласачки ливчиња.

Според Комисијата, Ражоелина добил повеќе од 55 отсто од гласовите, а неговиот ривал Марк Раваломанана – над 44 отсто.

На гласањето меѓу двата поранешни претседатели и ривали гласале малку повеќе од 48 отсто од избирачите.

Претходно оваа недела, Раваломанана изјави дека на изборите имало масовни измами и ги повика своите поддржувачи да го „заштитат својот глас”.

Уставниот суд има девет дена да ги објави конечните резултати.

Треба да знаете
Последни објави