Казни за четири индустриски објекти поради загадување на воздухот во Скопје

Според планот за работа на инспекторите за животна средина на Град Скопје, месецов се извршени по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б–интегрирана еколошка дозвола, а за кои е надлежен Град Скопје.

„Во месец декември овластените инспектори за животна средина на Град Скопје извршија вонредни контролни мерења на 40 инсталации што подлежат на Б–интегрирана дозвола, како и на 4 субјекти што подлежат на елаборат за заштита на животната средина. При вонредните контроли на овластените инспектори за животна средина со овластена лабораторија досега е утврдено пречекорување на граничните вредности кај 4 инсталации кои се под надлежност на Град Скопје и истите ќе бидат санкционирани согласно со Законот за заштита на животната средина“, рече Шилегов на вчерашната седница за советнички прашања.

Дополнително, инспекторите работат и во смени, односно дежурство кое почнува од 6 часот наутро, како и по полноќ, сè до раните утрински часови, како и за време на викендите, сé со цел попрецизно и пореално да се утврди можното загадување на амбиенталниот воздух.

Исто така, велат од Градот Скопје, контролите се интензивирани на градилиштата, со посебен акцент на централното градско подрачје, но и другите поголеми градилиштa во другите општини, како и на територијата на општина Аеродром каде што се сконцетрирани поголемиот број од градилиштата. Притоа се контролирани 51 градилиште и врачени се 8 казни и записници за миење на гумите, миење на улиците пред градилиштата и покривање на камионите што излегуваат од градилиштата со церади.

Целиот извештај за животната средина може да го најдете на следниот линк: www.skopje.gov.mk/Uploads/Studii/Извештај%20на%20Инспекторат%20на%20Град%20Скопје%20за%202018%20година.pdf.

Треба да знаете
Последни објави