Search

Ѓорѓиевски: Оливер Спасовски секојдневно шиканира професионалци во МВР поради синдикални активности

Министерот за прогон и тортура Оливер Спасовски ги шиканира вработените во МВР поради нивните синдикални активности, обвини Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече тој на денешната прес-конференција долгогодишни вработени во МВР со големо искуство и заслуги се преместуваат без причина и реална основа, само затоа што имаат храброст да бидат членови на синдикат во време на владеење на СДСМ.

Помошникот генерален секретар на полицискиот синдикат кој што е врвен полицаец, правник по професија, со положен правосуден испит, неколкукратно наградуван од министерот за неговата служба на 24 декември, два дена откако е назначен за помошник на генералниот секретар на Независниот синдикат на полицијата, со решение е прераспределен од полициската станица Аеродром во полициската станица Блаце“, кажа Ѓорѓиевски и додаде дека МВР под управа на Спасовски го прогонува секој еден професионалец и ги фаворизира единствено партиски подобните за вас.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека примери за прераспределби на професионалци, за на нивно место да бидат поставени подобни кадри на Спасовски се случуваат насекаде државата.

„Заради ваквите политички притисоци полицијата е крајно демотивирана, реализацијата е на катастрофално ниско ниво, а граѓаните ни се понебезбедни. Убиствата, разбојништвата и нападите остануваат и понатаму нерасчистени, така што сериозно е отворен сомнеж дека раководството на МВР го прави сето ова се со цел за заштита и коалиција со криминалот“, истакна Ѓорѓиевски и порача дека ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите професионалци во МВР да издржат и да не подлегнуваат на притисоците бидејќи, како што речем, доаѓа времето кога ќе биде вратена демократијата и правната држава.

Треба да знаете
Последни објави