Search

Новинарот на „Шпигел” тврди дека не присвоил донации

Адвокатите на новинарот на германскиот неделник „Шпигел” Клас Релотиус соопштија дека тој демантира дека зел донации наводно наменети за сириски деца.

„Шпигел” денеска соопшти дека Релотиус барал донации од читатели, и дека ќе соработува со обвинителите за да се откријат сите детали од аферата.

Адвокатите наведуваат дека Релотиус понудил да ги проследи парите кои читателите сакале да ги донираат. Според нив, Релотиус не открил дека децата всушност не постојат, туку дека никогаш не сакал парите да ги земе за себе.

Адвокатите тврдат дека 7.000 евра донации Релотиус ги предал на германски проект за помош на деца бегалци во Ирак.

„Шпигел”, каде што работеше Релотиус, пред неколку дена соопшти дека тој лажирал интервјуа и факти во речиси 14 свои статии во текот на неколку години.

Треба да знаете
Последни објави