Search

Мијалков, Камчев и другите осомничени од СЈО излегуваат од притвор?

Со одлука на судија од Основен суд Скопје 1 во текот на денов од притвор би требало да бидат ослободени  Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други политички и бизнис личности кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во затворот “Скопје”, објави во средата вечерта поратлот Судство.мк.

Причината за ваквата одлука, барем официјално, е тајна. Се претпоставува дека зад одлуката се крие политички договор меѓу власта и опозицијата, се наведува во информацијата на порталот.

Дел од роднините на притворените со кои контактирале од Судтво.мк ја потврдуваат веста и велат дека очекуваат повик кога да ги пречекаат блиските пред затворот во скопската населба Шуто Оризари.

 

Треба да знаете
Последни објави