Search

МЗ: Успешни преговори и соработка со синдикатите, ги зголемуваме платите на здравствените работници

Следната 2019 година ја почнуваме со зголемување на платите за сите здравствени работници во јавното здравство. Оваа година, ја завршуваме со успешни преговори и разговори со Гранковиот синдикат за здравство и Синдикатот на Клинички центар, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството информираат дека се во постојана комуникација со синдикатите, а идната година продолжуваат со интензивна соработка.

-Задоволен здравствен работник значи успешно здравство. Правиме сѐ што е во интерес на граѓаните и пациентите, наведуваат од Министерството.

Треба да знаете
Последни објави