Search

Ароматерапија: Шест мириси за подобро расположение

Овие мириси го подобруваат расположението, ја поттикнуват креативноста и ве „полнат“ со позитивна енергија.

 

Сите знаеме дека мирисите се најјаки „стимулатори“ на мозокот и најбрзо може да нѐ потсетат на некој спомен или да предизвикаат друга реакција.

Овие мириси треба секогаш да ги имате при рака бидејќи благотворно делуваат на расположението.

Одберете на кој начин ќе ги вметнете во својот живот – миризливи свеќи, чај, купка или балсам за усни.

 

Лимон

Свежиот цитрусен мирис ја подобрува концентрацијата, ве смирува и ви го разбиструва паметот. Ако сте нервозни, анксиозни или се чувствувате „прегазено“ од стрес, мирисот на лимон ќе ве освежи ќе ви го крене расположението.

 

Лаванда

Уште еден во низата мириси што смируваат. Се користи во ароматерапијата за смирување, а помага и при главоболка, па дури и мигрена. Смирува и го ублажува емотивниот стрес.

Јасмин

Овој мирис е синоним за чувство на самоувереност, оптимизам и енергија. Користете го за да се чувствувате како нови!

Рузмарин

Експертите за ароматерапија го нарекуваат „билка за понеделник наутро“ бидејќи неговиот мирис ќе ве разбуди, ќе ве фокусира и ќе ве стимулира. Се користи како терапија за умор и главоболка.

Цимет

Стимулативен мирис што се бори против умствениот замор, ја зголемува концентрираноста и фокусираноста.

Нане

Чај, миризлива свеќа, па дури и гума за џвакање со мирис и арома на нане се идеални за моментите кога се чувствувате напнато. Ако ви претстои задача што сметате дека умствено ќе ве измори, освежете се со мирис на нане што ќе ве освежи и фокусира.

Треба да знаете
Последни објави