Search

Маас: Германија ќе се спротистави на распоредување нови нуклеарни ракети во Европа

Германија ќе се спротивстави на какви било активности за распоредување нови нуклеарни ракети со среден дострел во Европа, доколку клучниот договор за нив, од времето на Студената војна, биде поништен, изјави за ДПА германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.

– Европа во никој случај не смее да стане место за деба за трката во вооружување, рече тој во денешното интервју за ДПА.

– Распоредувањето нови ракети со среден дострел треба да наиде на цврст отпор од Германија, истакна тој, додавајќи дека нуклеарното вооружување сигурно е погрешен одговор во спорот меѓу САД и Русија во врска со судбината на договорот.

Треба да знаете
Последни објави