Search

Египетскиот претседател ги повика сонародниците да ослабат

Египетскиот претседател, Абдел Фатах ел Сиси, денеска ги отфрли обвинувањата дека ги исмевал граѓаните повикувајќи ги да ослабат.

„Како можам да го исмевам сопственото семејство? Египќаните се мое семејство. Не можам да гледам како се дебелеат и да молчам“, рече Ел Сиси.

Покрај констатацијата дека видел „неверојатен” број шеги по повод повикот за губење на тежината, Ел Сиси, смеејќи се, предложил луѓето да го намалат бројот на шеги на негова сметка.

Египет има една од највисоките стапки на дебелина во светот. Исхраната на милиони луѓе се потпира на евтин леб, а цената на здрава храна се зголеми по воведувањето мерки за штедење.

Треба да знаете
Последни објави