Search

(Видео) За првпат во историјата човек сам го премина Антарктикот

Колин О’Бреди стана првиот човек кој сам без ничија асистенција го премина Антарктикот (континентoт што го опкружува Земјиниот Јужен Пол), откако вчера ја заврши последната етапа, која траеше 32 часа.

На 33-годишниот Американец му требаа 54 дена за на скии да го заврши патувањето долго 1.500 километри од едниот до другиот брег на замрзнатиот континент.

О’Бреди на последната етапа долга 125 километри тргнал на божикното утро и успешно ја завршил за 32 часа.

Американецот од Портланд на „Инстаграм“ објави фотографија од дрвената плоча што го означува крајот на леденикот Рос, каде што завршува копнената маса на континентот и почнува вечниот мраз.

„Кога со скиите ја преминав оваа замислена линија, ја остварив мојата цел – станав првиот човек во историјата кој го премина Антарктикот од едниот до другиот брег, самостојно и без помош“, напиша О’Бреди.

Треба да знаете
Последни објави