Search

Ахмети за уставните измени: Опозицијата да се приклучи во процесот

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја повика македонската и грчката опозиција да се приклучат на завршниот дел од процесот за спроведување на Преспанскиот договор.

Лидерот на ДУИ истакна дека на 9 јануари започнува градењето на поновата историја и дека опозициите на двете земји треба да бидат дел од овие одлуки.

 

,,Затоа ја повикуваме опозицијата од двете страни да се приклучат на одлучната игра за финалниот успех. На 9 јануари започнува седницата за градење на поновата историја на ова држава, организирана и прифатена во сите структури, НАТО, ЕУ, во пријателски односи и во хармонија со сите земји од регионот”, истакна Ахмети.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од пред неколку дена извести дека се повлекува од завршната фаза на уставните измени во Собранието поради недостаток на иклузивниот процес. Од друга страна, грчката опозиција извести дека никогаш нема да го подржи протоколот за членство на Македонија во НАТО. Уставните измени се во фазата на предлагање на амандамани на предлог амандманите на Владата. Крајниот рок е 31 декември. Пленарната седница е закажана на 9 јануари, додека Собранието очекува процесот да се заокружи на 15 јануари.

Треба да знаете
Последни објави