Search

Ѕвездите претеруваат со бизарни и брутално скапи подароци за Божик

Славните личности не штедат дури и кога станува збор за божикни подароци, повеќето од нив купуваат скапи подароци за да ги израдуваат своите најблиски. Така, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (43) на Викторија (44) и остави под елката во 2005 година дизајнерска чанта со дијаманти, во вредност од 100 000 евра, и клучеви на нов ролс-ројс во вредност од 270 000 евра.

Американскиот актер Бен Афлек (46) и купи дијамантски прстен од седум карати на својата сега веќе поранешна сопруга Џенифер Гарнер (46), а не штедеше ни на поранешната свршеница Џенифер Лопез (49). За Божиќ, тој и купи тоалетна школка украсена со дијаманти, рубини и сафири.

Британскиот актер Џуд Лоу (45) на својата, сега веќе поранешна, свршеница Сиена Милер (36) за Божик и подари пијано, во кое тој стави прстен во вредност од 135 000 евра. Без оглед на неговата великодушност, романтиката не траеше долго. Парис Хилтон (35) знае како да си се почести себеси за Божик. Една година таа си купи розов бентли континентал GT во вредност од 285000 долари, чија контролна табла е покриена со дијаманти.

Бијонсе (37) за еден Божик на Џеј-Зи (49) му купи бугати во вредност од 350 000 долари.

Треба да знаете
Последни објави