Search

Ѓорѓиевски: Со преминувањето на огранокот на Обединети за Македонија во нашите редови, ние испраќаме силни пораки

ВМРО-ДПМНЕ останува единствената алтернатива против оваа ненародна и криминогена власт во Република Македонија предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев, изјави денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

„Со денешниов настан, односно со преминувањето на огранокот на Обединети за Македонија во нашите редови, ние испраќаме две силни пораки. Првата порака е дека од една страна и покрај притисоците, заканите и уцените со кои што се соочуваат граѓаните во Република Македонија сепак ние успеваме и се трудиме да бидеме оние кои што ќе бидат единствена алтернатива и вистински обединители на десницата во Република Македонија.

Втората порака е дека заеднички како Македонци, обединети Македонци ќе успееме на крајот од денот заедно да се избориме против оваа ненародна и криминогена власт, која што гледаме дека ширум Република Македонија освен зло и црнила што донесе за нашиот народ, нема ниедно суштинско добро.

Ние имаме две години во кои што Зоран Заев и неговата Влада немаат предизвикано ниедна состојба со која што ќе го подобрат животот и условите на живот на нашите сограѓани. Напротив гледаме дека владее беда и мизерија во Република Македонија, да тргнеме од земјоделците како што е во овој регион овде, па до сите други гранки во општеството владее тотален хаос“, изјави Ѓорѓиевски.

Треба да знаете
Последни објави