Search

Четворица повредени во земјотрес на Сицилија

Најмалку четири лица се повредени во земјотресот со јачина од 4,8 степени кој ноќеска ја погоди Сицилија. Како што јавуваат тамошните медиуми, земјотресот е последен во низата потреси што го погодија островот по ерупцијата на вулканот Етна во понеделникот.

Повеќе згради се оштетени во потресите во областа Виагранде. Во понеделникот опсерваторијата за Етна јави дека лава и пепел се исфрлаат од нова пукнатина на активниот вулкан на Сицилија и дека е невообичаено високо нивото на сеизмичката активност.

Вулкански пепел ги прекри селата, а авионските летови до и од аеродромот во Катанија се откажани. Етна, најголемиот од трите италијански активни вулкани, особено е активен од јули годинава.

Треба да знаете
Последни објави