Search

Хрватскaта претседателка повторно на врвот на најпопуларните политичари

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и оваа година ја завршува како најпопуларен политичар, по што следува лидерот на опозициониот Жив ѕид, Иван Велибор Синчиќ, потоа градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, и претседателот на најголемата опозиција Божо Петров, а на петто место е премиерот Андреј Пленковиќ.

Според анкетата спроведена од агенцијата ИПСОС, во која учествуваа 982 возрасни граѓани, објавена од хрватските медиуми, Грабар Китаровиќ ја поддржуваат 51 процент од испитаниците, не ја поддржуваат 42 проценти, а само 7 отсто од граѓаните се без став.

Таа е сè уште најпопуларна и 61 процент од испитаниците имаат позитивно мислење за неа, додека 33 проценти имаат негативно мислење.

Треба да знаете
Последни објави