Search

Уште едно дете умре во имиграционен притвор на американската влада

Осумгодишно дете од Гватемала почина во имиграциониот центар за притвор на американската влада. Ова е втор смртен случај месецов, откако неодамна медиумите објавија дека починало девојче од истата земја.

Американската царинска и гранична служба соопштија дека момчето починало по полноќ. Во понеделникот детето имало знаци на болест и заедно со неговиот татко било префрлено во болницата во Аламогорд во Њу Мексико. Тука му била дијагностицирана настинка со висока температура, по што му бил препишан антибиотик и е пуштено во понеделинкот попладне.

Детето истата вечер се вратило во болницата со мачнина и повраќање, а неколку часа потоа починало. Надлежните наведуваат дека причината за смртта на детето не е утврдена и дека се известени генералниот инспектор на Секретаријатот за внатрешна безбедност и владата на Гватемала.Седумгодишно девојче од Гватемала почина на почетокот на месецов откако ја уапсија агентите на граница. Нјезиното тело е вратено на семејството во Гватемала.

Треба да знаете
Последни објави