Search

Уапсен напаѓачот кој со автобус прегази осум луѓе во Кина

Полицијата го уапси напаѓачот кој вчера во југоисточна Кина прегази и усмрти осум луѓе, јавија кинеските медиуми. Тој со закана со нож насилно одзеде автобус, по што се залета во мотоциклист и автомобили на улицата.

Како што пренесе кинеската агенција „Синхуа“, се работи за 48-годишен маж. Првите резултатите од истрагата покажуваат дека пред нападот осомничениот дошол во судир со еден од локалните власти, со кој веќе подолго време бил во лоши односи.

Во вчерашниот напад повредени се 22 лица, меѓу кои едно е во критична состојба, пренесе Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави