Search

Трудовата инспекција на тапет и кај фирмите и кај Инспекцискиот совет

Трудовта инспекција е најголем проблем за правните субјети во државава. Во Инспекцискиот совет најмногу поплаки има токму за трудовите инспектори. Но тоа не е најголемиот проблем со кој се соочува инспекторатот. Во моментов во Скопје на контрола на работни односи работат само 7 инспектори. Директорот на инспекторатот, Алајдин Хавзиу не негира дека неговите вработени се постајано на тапет кај Инпекцискиот совет. Но вели дека тоа е поради големиот обем на работа на инспекторите, а не поради нивната непослушност.  

 

Инспекцискиот совет за утре има најавено седница на Советот на која од девет претставки за инспекторите, четири се за Трудова инспекција. Претседателката на советот, Магдалена Филиповска Грашкоска не негира дека најголемиот дел поплаки се за Трудоватаа инспекција, но укажа дека не може да се занемари фактот дека трудовите инспектори постапуваат врз најголем број на субјекти, поради што може да се очекува и поголем број на поплаки од страна на граѓаните. Грашковска вели дека проблемот со бројот на инспеектори е генерален во сите инспекторати.

Доставивме информација до Влада дека фалат инспектори во скоро сите сфери, за што Владата донесе соодветни заклучоци. Дополнително на ова е и фактот дека за три години, до 2021 скоро една петина од сегашните вработени ќе оди во пензија.Затоа треба да се работи на создавање на нови инспектори, за што и се предлагаат решенија во новиот закон за инспекциски надзор – вели Грашкоска.

Министерката за труд и социјала, Мила Царовска најави нови трудови инспектори за 2019 година. Но рече дека ќе ги бара меѓу вработените во Министертсвото.

Инспектори не се вработуваат. За да создадете добар инспектор треба време. Затоа ќе се осврнеме на квалитетни кадри внатре во министерството- децидна беше Царовска.

Сегашните проблеми кои се јавуваат во инспекторатот и во контролите објасни дека се поради недоречености на законите и за 24 инфо најави дека слената година ќе се донесат нов пакетна социјални закони.

Не е тајна дека е изгубена довербата во инспекторатот, но за тоа е виновна претходната Влада која не создавала нови инспектори. Довербата мора да се врати. Трудовата инспекција ќе ја вратиме во наша надлежност- вели Царовска.

Дирекорот на Трудовата инспекција, Алајдин Хавзиу вели дека дека состојбатаја наследил од преходната Влада.

-Малиот број на инспектори ми е наследена состојба. Факт е дека во Скопје со најголем број на фирми има мал број на инспектори.Од 103 вкупно во државава само 7 се во Скопје кои работатна работни односи- вели Хавзиу. Според него во 2019 година ќе се примат нои лица за инспектори.

– Следната година инспекторатот ќе се зајакне со 10 нови лица од надвор. Нема да бидат луѓе од внатре- вели Хавзиу. Тој не ја коментира изјавата на министерката Царовска за враќање на надлежностите над Трудовата инспекција во МТСП.

– Немам коментар. Мислам дека станува збор за некој проект. Ние сме орган во состав на Министертсвото за труд и социјална политика, но не контролира Инспекцискиот совет.Добро ни оди соработката и со едните и со другите- вели Хавзиу.

Според минатогодишниот извештај Државните инспектори за труд од областа работни односи во 2017 година, имаат извршено вкупно 20.355 надзори од кои 13.255 редовни, 3.894 контролни и 3.206 инспекциски надзори по преставки, при што може да се констатира планирани инспекциски надзори ги извршиле  со успешност од  над 96.37 проценти

Во исто време државните инспектори за труд од областа работни односи лани  изработиле записници со управни решенија 4.915, а нивниот број во споредба со вкупниот број на изготвени записници изнесува 24.14 отсто. Во исто време спровеле само 18 едукации. Во 2017 година изрекле 150 покани за наплата на глоба, од кои платени се само 61.  Не се платени цели 62,  а 27 се во постапка. Од нивна страна поднесени се 62 и 61 платен налог со постапка на порамнување, а немало ниту една кривична пријава.

Валентина Ангеловска

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави