Search

Тие се неодоливи: Овие 3 мажи се најголемите заводници во хороскопот

Поединечни знаци во Зодијакот се вистински шармери, а проверете кои три ги оставаат жените без здив.

Бик

Иако е речиси несвесен за својата сензуалност, Бикот спаѓа во врвните заводници. Неговиот клучен адут е спонтаноста, а во креветот ги знае сите вештини на Камасутрата, иако никогаш не ја ни прочитал. Овој знак знае да приреди огномет од емоции и внимание, тој ќе ви пружи такво задоволство што ќе направи да се чувствувате многу посебно. Биковите зрачат со природна топлина во очите и понекогаш несвесно ги привлекуваат и оние кои немале намера да ги привлечат.

Близнаци

Тие се кралеви на шармот, а ретко која жена може да им одолее. Близнаците уживаат во играта на заведување, сакаат добра комуникација и секогаш имаат интересни приказни со кои го заведуваат спротивниот пол. Тие освојуваат со својот интелект, по што и се издвојуваат од масата, а со позитивниот став многу лесно ги “врзуваат” за себе оние кои ги зацртале.

Шкорпија

Со Шкорпијата владее фаталната планета Плутон. Мажот роден во знакот на Шкорпија тешко останува незабележлив бидејќи неговиот заводнички поглед и манири не можат да ве остават рамнодушни. Ова е знак кој длабоко чувствува и неговата интуиција е изразена до таа мера што во секој момент знае кои се вашите потреби. Во емотивна смисла е многу посветен и ужива да ве задоволува до максимални граници – неговата уметност на водење љубов останува запаметена.

Треба да знаете
Последни објави