Старец паднал во автобус на ЈСП и тешко се повредил

Постар скопјанец бил тешко повреден откко паднал во автобус на ЈСП, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 11 часот пријавено е дека на улица Христо Татарчев во Скопје,  И.Т.(84) од Скопје, патник во автобус на ЈСП, додека автобусот бил во движење, се повредил.

Тој со возило на брза помош бил пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави