Search

„Срничките“ и „Фиданките“ заедно ѝ се радуваат на Новата година

Денеска во објектот „Бамби“ се одржа новогодишна приредба како завршен настан на проектот „Заедно празнуваме на Нова година и се радуваме“, реализиран од детските градинки „Срничка“ од Општина Аеродром и „Фидани“ од Општина Чаир.

Овој проект во текот на декември опфати шест работилници, при што беа вклучени околу 170 деца на возраст од пет и шест години и 10 учителки од двете градинки. Децата паралелно обработуваа приказни на македонски и на албански јазик, си подготвуваа новогодишни подароци, а заедно со своите родители учествуваа и во креативни работилници.

Главната идеја на проектот што се реализираше со поддршка на фондацијата „Градиме мостови“ е да се овозможи непосредна интеракција меѓу децата што припаѓаат на различни етнички заедници, во атмосфера на соработка, со цел меѓусебно запознавање, како на индивидуално ниво, така и на ниво на етнички/културни заедници.

Треба да знаете
Последни објави