Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што стапката на невработеност е историски најниска досега

Што има ВМРО-ДПМНЕ против тоа што се отвораат нови работни места, што растат платите и животниот стандард на граѓаните, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека власта ја полни администрацијата со партиски кадри.

Од владејачката партија сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што стапката на невработеност е падната на 20,8 отсто, што, како што велат, е историски најниска досега.

„Наместо да се крие зад празни прес-конференции на кои се преповторуваат едни исти лаги, Христијан Мицкоски да излезе и да каже која била целта на неговите посети на Белград и Будимпешта само неколку денови пред да избега неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски“, повикуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека времето на партизација на администрацијата и институциите завршило со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција и истакнуваат дека денес институциите работат одговорно, професионално и согласно со законот.

Треба да знаете
Последни објави