Search

„Офкестра“ и ,,Парни ваљак” ќе ја загреваат атмосферата во Скопје за новогодишната ноќ

Еден од најпознатите косовски бендови, ска-панк-рок бендот „Офкестра“ на Новогодишната ноќ во Скопје ќе ги изведе своите најголеми хитови. На 31 декември тие ќе настапат на плоштадот „Македонија“ со почеток во 21 часот, на новогодишната забава што за граѓаните ја организира Градот Скопје.

Групата „Офкестра“ и е добро позната на скопската публика, до сега повеќе пати настапувала на скопските фестивали. По нивниот настап на плоштадот „Македонија“ ќе следи настапот на легендарните „Парни Ваљак“. Како загревање пред новогодишната ноќ во тек е музичката и културна програма во новогодишната населба „Винтерленд“. Овој дел од градот веќе неколку недели живее во новогодишна еуфорија и на граѓаните им овозможува да поминуваат пријатни мигови со своите најблиски. Во „Винтерленд“ секојдневно има разни активности за забава и рекреација за нашите сограѓани, а во текот на викендите се организираат приредби за најмладите, но и концерти за возрасните. Овој декември Скопје е град кшто создава убави новогодишни спомени, рече на денешната прес-конференција портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Сезгин Цури, член на групата „Офкестра“ изрази задоволство што на новогодишната ноќ ќе настапуваат пред скопската публика.

,,Досега повеќепати сме настапувале низ градовите во Република Македонија, но ова ќе биде нашиот највозбудлив настап. За нас е голема чест што ќе ја делиме сцената со легендарните „Парни Ваљак“. Убедени сме дека во центарот на Скопје ќе има добра журка, затоа ги поканувам граѓаните да дојдат и да уживаат во добрата музика. Нашиот бенд ќе изведува песни на албански и на англиски јазик во ска, панк и рок стил. Ќе изведеме авторски песни, но и преработки на познати светски хитови”, најави Цури.

Треба да знаете
Последни објави