Search

Општина Атина обезбеди простор за згрижување на бездомниците

Поради екстремно ниските температури несоодветни за грчкиот главен град, Општина Атина од денеска, па се до сабота отвори специјален загреан простор за згрижување за бездомните лица.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, надлежна за просторијата и за сите оние кои ќе побараат засолниште е службата за социјална солидарност од Општината, а отворени се и дежурни телефони кои работат 24 часа за граѓаните да пријават итни и вонредни случаи поврзани со бездомниците.

Паралелно, како што соопштуваат од Општината, претставници на прифатниот центар ќе излезат на терен и ќе интервенираат на местата каде што има бездомници, делејќи им ќебиња, топли напитоци и информации за просторот наменет за нив.

И периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, соопшти дека во речиси сите општини се отоврени простории за згрижување на ранливите групи граѓани.

Цела Грција од вчера е зафатена со студен бран, а во одредени делови, особено на планините на северот на земјата денес беа регистрирани температурти од 10 до 13 Целзусови степени под нула.

Треба да знаете
Последни објави