Search

„Новости“: Црна Гора протерува 30 монаси и свештеници на СПЦ

Црна Гора планира да протера над 30 монаси и свештеници на СПЦ, со нивните членови на семејства. Се работи за околу 50 граѓани кои работат во оваа држава, објави „Новости“.

Како што се наведува, под велот на прописите кои регулираат пријава за престој, официјална Подгорица ги затвора вратите за државјаните на Република Србија, кои според домашните закони не ги исполнуваат условите да живеат и да изврѓуваат верска служба во оваа држава. Во црногорско-приморската Митрополија порачуваат дека сите правни лекови не се исцрпени и дека борбата за статус сè уште трае.

Проблемот со престојот на свештениците на СПЦ кои не се родени во Црна Гора се појави во 2011 година, кога државната врата беше затворена за 80-ина монаси, монахињи, свештеници на СПЦ и членови на нивните семејства.

Зад прописите кои регулираат траен, односно привремен престој во најмладата европска држава, тогаш провејувала официјална политика што не ја прифаќала СПЦ како полноправна домашна верска заедница. Со аргумент дека во Црна Гора црквата создала држава и дека е природно постара од неа, Митрополијатае до денеска не е регистрирана пред државните органи.

Треба да знаете
Последни објави