Руското Министерство за надворешни работи објави дека се надева оти западните земји нема да учествуваат во секој обид на манипулација на Украина.
Ова следува откако земјата најавила дека планира нова, како што вели руското МНР провокација, кај теснецот Керч и дека ќе се одговори на ескалациите на тензиите во таа област.
Властите во Украина минатата недела објавија дека планираат да испратат воени бродови до нивните пристаништа во Азовското Море преку теснецот Керч, и покрај тоа што Русија во ноември заплени три бродови со екипаж, објави „Ројтерс“.