Search

Кривична против 16-годишно момче, при претрес на неговиот дом биле пронајдени четири пушки

Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Гостивар поднесе кривична пријава против 16 годишно момче од село Сенце, Маврово и Ростуша за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување или распрскувачки материи“, соопштија од полицијата.

Од МВР додаваат дека на 7 декември во село Сенце, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени пушка марка „Црвена застава“, расклопена пушка од руско производство, расклопена пушка од чешко производство и расклопена пушка непозната марка и фабрички број.

Треба да знаете
Последни објави