Search

Кривична против гостиварец поради упатени закани по живот кон полицаец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Гостивар поднесе кривична пријава против 40-годишениот гостиварец И.Ч. поради сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„На 09.12.2018 година пријавениот, поради настан од 2012 година во кој над истиот биле преземени службени дејствија од страна на полициски службеник од полициска станица-Гостивар, преку телефонски пораки и на социјалната мрежа „Facebook”, упатил закани по животот на полицискиот службеник и животот на членовите на неговото семејство“, стои во соопштението на МВР.

Од полицијата додаваат дека пријавениот неколку дена подоцна исто така на социјалната мрежа „Facebook”, објавил и слика од оштетениот, во прилог на која навел коментар со заканувачка содржина кон истиот.

Треба да знаете
Последни објави