Search

Колкави се платите за најбараните професии во скандинавските земји?

На наставничките во Шведска по сите трошоци во месецот, им останува повеќе од половина плата. Шведска има специјализирана организација која истражува кои професии се потребни на нивниот пазар на труд, а се занимаваат и со насочување на образованието според потребите на пазарот – предвидуваат кои професии ќе бидат барани во иднина, каде недостигаат професионалци, а каде ги има премногу.

Наставниците во основните училишта во Шведска во просек месечно се платени околу 3163 евра , додека просечната плата на фармацевтите изнесува 4036 евра. Во Шведска се исплаќа бруто плата, а плата повисока од 4889 евра, се оданочува до 30 отсто, зависно од местото на живеење.

Здравството во Шведска е бесплатно, а мнозинството граѓани се осигурани преку работодавецот или училиштето.

Во Финска пак, недостасуваат логопеди и градежници. Министерството за труд два пати годишно објавува листа на најбарани професии на тамошниот пазар на труд.

Барани се и градежни инженери, негователи, социјални работници и градежни работници.

Што се однесува на платата, податоци има за трите професии кои на листата се постојано за најбарани, а се проценува дека во иднина уште ќе недостигаат. Тоа се: логопеди, менаџери на градилиште и градежни инженери.

Просечната плата на логопед со искуство од 5 до 10 години, изнесува 4.500 евра, менаџер на градилиште со еднакво работно искуство можат месечно да заработат 4300 евра, а искусен инженер во градежништвото во просек може да земе 3500 евра.

Треба да знаете
Последни објави