Search

Илјадници пациенти во американска болница изложени на ХИВ и хепатит Б и Ц

Повеќе од три илјади пациенти биле изложени на вирусите ХИВ и хепатит Б и Ц во хируршки центар во Њу Џерзи. Од одделот за здравтсво во сојузната американск држава е соопштено дека над 3 илјади пациенти кои биле оперирани во хируршкиот центар во градот Садл Брук, би можеле да бидат изложени на вирусите ХИВ и хепатит Б и Ц.

Надлежните ги повикале пациентите кои се лекувани во тој хируршки центар, во периодот од јануари до септември оваа година, задолжително да дојдат и да дадат примерок од крв на тестирање за хепатит и ХИВ. Во соопштението се наведува дека до денеска нема пријавено случаи на инфекции или заболени, а која би можела да биде поврзана со инцидентот, пишува „Еј-би-си њуз“.

На домашната адреса на пациентите им е испратено известувањето за тоа дека има можност да дошле во контакт со разни инфекции.

Треба да знаете
Последни објави