Search

Знаме на Исламска држава пронајдено на место каде е оштетена железничка пруга во Берлин

Германската полиција соопшти дека пронашла знаме на Исламска држава недалеку од местото каде што била оштетена железничка инфраструктура во Берлин и дека инспекторите истражуваат дали сторителите имале политички мотиви.

Не е познато дали знамето и летоците на арапски јазик пронајдени во близина на местото каде шините биле оштетени во неделата, се оставени од истите лица кои ја предизвикале штетата.

Од почетокот на истрагата се пронајдени неколку докази“, соопшти полицијата, додавајќи дека властите откриле скинат челичен кабел и оштетена контактна мрежа, оставени на пругата во неделата.

Операторот „Германски железници“ ја известил сојузната полиција за инцидентот и привремено го стопирал локалниот железнички сообраќај.

Треба да знаете
Последни објави